Perdormire
Струмица

СТРУМИЦА СЕ РАЗБУДИ СО ПОРАКАТА НА ПЕТТЕ СТРУМИЧКИ СТУДЕНТИ: ДА ЖИВЕЕ ДУХОТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ!

Денеска Македонија го празнува 23 октомври, денот на македонската револуционерна борба. По тој повод, Струмица утрово се разбуди со летки на кои е испишана пораката на Петте струмички студенти – Да живее духот на Гоце Делчев. На 1 мај во 1946 година, младите момчиња од Струмица со иста порака фрлале летки низ струмичките улици и ден потоа, тогашниот режим започнал со масовно апсење. Честит празник Македонијо!