bandr
Струмица

ОД „КУЛТУРА“ ИНФОРМИРААТ: КНИГАТА „ТЕОРИЈА НА ЗАГОВОР“ НА МАРИЈА СПАСОВА МЕЃУ НАЈПРОДАВАНИТЕ ВО 2018\19 ГОДИНА!

Пред неколку денови „Теорија на Заговор“ од Спасова Марија беше целосно распродадена и во „Култура“. Од истата книжарница не’ информираа дека книгата на Спасова била меѓу најпродаваните во 2018/19 година. Од утре „Теорија на Заговор“ повторно ќе биде достапна во „Култура“ по цена од 250 денари.Во овие убави празнични денови исполнети со љубов, нека приказната за првата премиерка на Македонија ви ги стопли срцата!

Елена Михајлова со своите 27 години е најмладиот кардиохирург во земјава и регионот кој благодарение на надпросечната интелигенција и напорната работа за брзо време ги освојува симпатиите на своите студенти, пациенти, колеги и медиумите. Меѓутоа, стекнатиот углед и влијателност ќе ја фрлат во опасна политичка игра во која таа несвесно ќе стане главниот играч. На површината од морето со закани и притисоци излегува Иван Елим – платен руски шпион кој по игра на судбината добива задача да ја ликвидира младата докторка за неполн месец дена. Навидум невозможно, но убиецот се вљубува во својата жртва, а кога станува збор за љубовта, не постојат компромиси. Фаталниот агент заштитнички се поставува над вечната феминистка и негов единствен животен приоритет станува нејзиното безбедно извлекување од замрсените и корумпирани лавиринти во македонскиот политички свет. Од друга страна пак, Елена не се откажува од своите високи амбиции и цели – според неа, прашањето не е дали ќе и’ забранат, туку дали некој ќе собере храброст да ја спречи. Приказна за една бунтовна, непокорна жена и еден опасен агент кои прават неповторлива и непобедлива двојка. Приказна растргната меѓу Скопје и Москва, меѓу љубовта и омразата, меѓу достоинството и суровиот материјален свет. Ова е животната сторија на првата македонска премиерка која се чита во еден здив, повремено создавајќи неизвесности и возбуда кај читателот, но и неодмилива љубопитност која преовладува се’ до последната прочитана страница.