„КЕЦ НА ДЕСЕТКА“ НА СТРУМИЧАНЕЦОТ МИТКО БОЈАЏИСКИ И ПО 60 ИЗВЕДБИ УШТЕ СЕ ИГРА ПРЕД ПРЕПОЛНА САЛА!

март 24, 2023

Претставата „Кец на десетка“, по 60 пат беше изведена на сцената во Македонскиот народен театар.

„Кец на десетка“ од авторот Митко Бојаџиски, а во режија на Драган Спасов-Дац и Јордан Симонов, ја воведува публиката во хумористичното дејство кое се одвива во едно сосема нормално семејство, при што ситуациите и околностите ги наведуваат ликовите во поинаква насока.

Улогите ги толкуваат Александар Микиќ – таткото Доксе, мајката Грациела – Тања Кочовска, ќерката Ана – Нина Деан/Софиа Насевска -Трифуновска и Тоше – Ивица Димитријевиќ/Стефан Спасов.

Претставата во изминатите години имаше повеќе гостувања и учества на домашни фестивали, а премиерно беше одиграна пред четири години на 17 ноември 2017 година.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ