bandr
Струмица

ИНТЕРВЈУ НА СТРУМИЦА ДЕНЕС: МЛАД, АМБИЦИОЗЕН И ПОЛН СО ЕНЕРГИЈА, СТРУМИЧАНЕЦОТ ЃОРЃИ МИТОВ ВЉУБЕНИК ВО МУЗИКАТА!

Струмица Денес: Што те натера да се занимаваш токму со ДЈ-ство и правење музика?

Ѓорѓи Митов: Паа, ова ми е „занает“ од брат ми, порано го гледав како прави музика и сакав сам да пробам да направам нешто свое и така се вовлеков во музичките води, веќе 5 години континуирано се занимавам со правење музика а ДЈ-ството дојде после третата година одкако се решив тоа да ми биде дел од секојдневието.

Струмица Денес: Каде најчесто настапуваш?

Ѓорѓи Митов: Повеќе настапувам по приватни забави на познаници но доколку се отвори можност во еден од клубовите во градот не би одбил.

Струмица Денес: Кој е твојот ДЈ/Продуцент идол?

Ѓорѓи Митов: Ги има повеќе како што се Martin Garrix, TV Noise, Magnificence, Swedish House Mafia, Galoski, Salvatore Ganacci, Tiesto, Mesto, Jonas Aden, Brooks, Lost Frequencies, David Guetta, Divolly & Markward но дефинитивно најдобар е KSHMR. Тој е махер во правење музика.

Струмица Денес: Каква музика најчесто пушташ кога си на сцена?

Ѓорѓи Митов: Во главно пуштам HipHop и EDM(Electro Dance Music) но имам неколку омилени под-жанрови: Bass House, Deep House и Trap. Се зависи од тоа на какво ниво на енергија сакаш да ја донесеш публиката. Музиката е патот до срцето на публиката.

Струмица Денес: Што за тебе означува музиката?

Ѓорѓи Митов: Музиката е ноти и звуци составени заедно на начин што кога ги слушаме се осеќаме убаво, без разлика дали сме среќни или тажни музиката е секогаш тука да не направи посреќни.

Струмица Денес: Што користиш за правење а што за пуштање музика?

Ѓорѓи Митов: Кога започнав со правење музика ја користев програмата Fruity Loops Studio (FL Studio) после неколку години се префрлив на Ableton Live а сега моментално ги користам и двете бидејќи и двете програми имат своја магија во нив. За пуштање музика моментално користам Serato а за почнав со Virtual DJ таа е програмата која сите барем еднаш сме ја користиле бидејќи може да се користи без дополнителна опрема.

Струмица Денес: Што треба да очекуваме од тебе во иднина?

Ѓорѓи Митов: Се работи со полна пареа на неколку проекти. Останува за следните неколку месеци да се одлучи дали ќе видат бел ден или не, сеуште сум во фаза каде што учам како функционират одредени елементи во процесот на создавање музика имам неколку проекти кој се спреми за издавање но фали уште многу малку за да стигнам до тој степен каде што продукцијата ке звучи многу по професионално. Всушност пред 1 година учествував во натпревар за најдобар ремикс за ANGEMI – Show Me Your Flame. ANGEMI e артист кој е подпишан на издавачката куќа на Dimitri Vegas & Like Mike наречена Smash The House. Добив многу позитивни коментари од Stephan Dodevsky и Горазд кој е дел од ДЈ-ското дуо DuoZ. Голема благодарност до нив што секогаш ми даваат искрено мислење за моите продукции и ми помагаат да напредувам.

Струмица Денес: И како за крај што би им препорачал на читателите на Струмица Денес?

Ѓорѓи Митов: Верувајте во себе, доколку имате нешто што сакате да постигнете работете напорно за тоа. Секој почеток е тежок но се ке си дојде на свое место и во свое време.

Доколку сте заинтересирани за мојата работа, можете да слушнете дел од моите миксови на Mixcloud:

Bass House Mix (КЛИК)

Deep/Tech House Mix(КЛИК)

Бидете во тек со моите најнови изданија на:

Facebook(КЛИК)

Instagram: @gorgi_mitov