КЕЈТ МАРИ БРНЗ, АМБАСАДОРКАТА НА САД, ДЕНЕСКА ВО ПОСЕТА НА СТРУМИЧКАТА ГИМНАЗИЈА!

октомври 21, 2021

СОУ „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ :

Денес имавме огромна чест и задоволство да и’ посакаме добредојде во СОУ „Јане Сандански“ на Нејзината екселенција, Амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Република Македонија, г-ѓа Кејт Мари Брнз. По кратката средба со директорката, на која Амбасадорката беше запознаена со најзначајните достигнувања на училиштето, таа имаше едночасовен разговор со група ученици од четврта година. Учениците имаа прилика да поставуваат прашања и да слушнат какви можности нуди Амбасадата на САД во однос на средното и високото образование, стипендии за школување во САД, како и други програми за усовршување. На средбата беше присутен и претставникот на Pop-up American Corner, кој им најави на учениците можности за посета на Американското катче и користење на неговите ресурси.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ