bandr
Култура

Ново поскапување на дел од цигарите!

Дел од цигарите се продаваат поскапо. Сега за кутија Марлборо треба да платите 110 наместо досегашните 100 денари, или тоа се 10 денари повеќе од кутија за пушачите.Како што денеска пишува во продавниците сега може да купите Ронхил поскапи за 5 денари, а нова цена се очекува и на Вест.

– “Да, имаме нови цени за цигарите. Пред еден ден ги внесовме во систем и веќе се продаваат по повисоки цени, корекцијата е засега е само кај одредени видови на цигари” – вели вработена во еден од скопските трговски маркети.Последното поскапување се случи лани, во април.

Тогаш, за пет денари поскапеа цигарите „Вест” (силвер, ред и вајт), „Волтер Вулф” (блек и вајт) и „Ронхил Вејв” (голд и блек).Со сегашното тепомо на зголемување на цените, одредени брендови можат да поскапат и до 200 денари или 3,2 евра, цена која веќе е присутна во земјите од соседството кои се членки на Европската Унија.