bandr
Хроника

МРТОВЕЧКА ГЛАВА НАД СТРУМИЦА!

Денеска, Струмица осамна со нов симбол, поставен на врвот на Цареви Кули, ридот кој е највисокото и најзабележително обележје непосредно над градот. Граѓаните отпрвин не знаеја за што станува збор, но подоцна се увиде дека се работи за големо бело платно со насликана мртовечка глава. Очигледно некој предупредува на голема, смртоносна опасност која се надвила над Струмица и струмичко.

Која и каква би можела да биде таа опасност, кога некој се решил со таков впечатлив и интересен чин да предупреди на неа? Струмица инаку деновиве интензивно се подготвува за големиот Протестен марш, кој треба да се одржи на 16 јуни, од 12 часот, при што граѓани од цело струмичко, од Југоистокот, па и од цела Македонија, ќе се упатат до седиштето на концесионерот на рудникот Иловица, компанијата Еуромакс Рисорсис.
Очигледно, мртовечката глава на Цареви Кули е резултат на раноутринска герила-акција на струмичките еко-активисти.’