Совршени крцкави компири од рерна по рецепт на Џејми Оливер

Рецептот за крцкави компири потпечени со лук е еден од омилените на Џејми Оливер. Познатиот готвач вели дека се супер лесни за подготовка, иако целата постапка трае скоро два часа, но тајната е во трпението и времето потребно за печење.

Гледајќи ја фотката веднаш ќе посакате да го имате овој ручек, па погледнете како едноставно да ги направите највкусните печени компири.

Потребни состојки:

  • 2,5kg средно големи компири
  • 4 лажици несолен путер
  • Малку маслиново масло
  • 1 главица лук
  • ½ китка свежа жалфија (околу 15 g)
  • Сол и бибер по вкус

Начин на подготовка:

  • Излупете ги компирите (идеално е да се скоро иста големина). Ставете ги да се варат во тенџере со посолена зовриена вода околу 15 минути. Ова ќе помогне внатрешноста на компирот да стане навистина мека.
  • Исцедете ги на цедалка, а можете да ги ставите и на пареа во микро околу 1 минута за да се исушат побрзо.
  • Потоа пресечете ги на половина, па згмечете ги со лажица за да се сплескаат.
  • Во голема тава за печење ставете го путерот и малку маслиново масло. Наредете ги згмечените компири, па зачинете ги со малку сол и црн пипер.
  • Покријте ги со фолија и оставете ги во фрижидер преку ноќ.
  • Следниот ден загрејте ја рерната на 180°C.
  • Излупете го лукот (оставете 2-3 чешниња со лушпа) и исто како и компирите, згмечете ги со лажица.
  • Печете 1 час, или додека компирите не станат крцкави и златни насекаде.
  • Извадете го плехот од рерната и посипете ги компирите со жалфија, па печете уште 20 до 25 минути.
  • Послужете ги топли.

 

Автор:

Датум:

март 27, 2023

Категории:

Струмица, Рецепти