
Марија Спасова е името на една од најуспешните млади луѓе во Општината па и пошироко. Спасова е 16 годишно девојче кое учи во средното општинско училиште СОУ „Димитар Влахов” и за себе вели дека е голем љубител на медицината што ја изучува. Медицината за неа на еден начин е целиот живот, нејзината страст и нејзината прва љубов. Освен тоа Марија е активен водител на скоро сите сценарија за одбележување на важни историски настани во Струмица, а имавме и можност да ја видиме и како водител на емисијата „Младите се на потег” во рамките на Црвен Крст, Струмица. Исто така играла во претставата организирана од домот за деца и млади „Благој Јанков Мучето”, го претставувала училиштето во разни проекти, меѓу кои најнов е проектот за „Меѓуврсничка едукација во врска со супстанци кои создаваат зависност”. Има учествувано на повеќе државни и локални конкурси и натпревари и е добитник на многубројни награди.
-Државен натрпевар латински (Скопје)-прво место
-Образовно рендаву МАССУМ (Велес)-прво место
-Државен натрпевар по македонски јазик (Битола) – второ место
-Локален натрпевар по македонски јазик (Струмица) – прво место
-Регионален натрпевар по рецитирање и ораторство (Струмица) – прво место
-Локален натпревар за рецитирање (Струмица) – прво место
-Натпревар „Млади библотекари“ (Струмица) – трето место
– Локален натпревар по математика (Струмица) – прво место
-Регионален натрпевар по математика (Радовиш) -пофалница
-Регионален натпревар во математика (Босилово) – пофалница
-Натрпевар по математика и физика (Струмица) – пофалница
Конкурси:
Тема: „Европа-толку различна, толку соединета“ – 2 место
Тема: „Депресија-најголемиот непријател на младите“(Бугарија) -1 место
Тема: „Каде одиш човеку?“-(патрон празник на СОУ „Д.Влахов) -1 место
Тема: „Миксот од култури-наше најголемо богатство“ – 2 место
Поезија: „Врати ми го мирисот на љубовта“ – место
Тема: „Еден необичен ден“(Србија) -2 место





