bandr

„Жикол“ го доби мултимилионскиот тендер за изградба на цевководи за водоснабдување во Липково

Министерството за животна средина и просторно планирање склучи договор со друштвото за градежништво и трговија „Жикол“ ДООЕЛ експорт импорт Струмица по распишаниот тендер за изградба на дел од доводни цевководи за водоснабдување на населени места во општина Липково.

Вредноста на склучениот договор со вклучен ДДВ е 92.499.494 денари, а главен критериум за доделување на договорот е најниската цена.