bandr

Земјотрес почувствуван во Струмица

Граѓаните на Струмица и околина вечерва почувствуваа земјотрес со јачина од 2.8 според Рихтеровата скала.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 21 часот и 17 минути регистрирала земјотрес чиј епицентар бил забележан на 120 km југоисточно од Скопје и потекнува од епицентралното подрачје Струмица, соопштија од Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Според информациите на Сеизмолошка станица, земјотресот имал локална Рихтерова магнитуда ML 2.8, а бил почувствуван од населението во Струмица, Валандово и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.