bandr

Во „Детска радост“ – клон 3, се одржа обука на тема „Педијатриска прва помош – зајакнување на капацитетот на воспитувачи, негуватели и наставници по одделенска настава и подигање на јавната свест во однос на педијатриска прва помош“

Во просториите на градинката „Детска радост“ – Клон 3, денеска, се одржа еднодневна обука на тема: „Педијатриска прва помош – зајакнување на капацитетот на воспитувачи, негуватели и наставници по одделенска настава и подигање на јавната свест во однос на педијатриска прва помош“.

Главни придобивки од обуката се препознавање на болно или повредено дете, препознавање на специфични медицински проблеми и соодветно медицинско згрижување, разликување кога да се повика брза помош, а кога да се побара медицинска помош, спроведување реанимација според АБЦДЕ, давање соодветна помош при задушување и слично.

Обуката ја реализира невладината организација „ЛинкАкрос“ од Скопје, а е финансирана од општина Струмица, која секогаш ги поддржува иницијативите за едукација и стручно усовршување на воспитно-образовниот кадар во предучилишните и училишните установи во општина Струмица.