bandr

Владимир Ристов е избран за член на Извршниот комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ


Во рамките на синоќешната седница, Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука и за избор на Извршен Комитет на Унијата на Млади Сили на ВМРО-ДПМНЕ. Дел од извршниот комитет на Унијата на Млади Сили на ВМРО-ДПМНЕ, ќе бидат и актуелниот Претседател на Унијата на Млади Сили О.К Струмица, Владимир Ристов и секретарот на УМС во Струмица, Елена Орцева.

Почитувани пријатели, сопартијци и сограѓани со задоволство споделувам со вас дека Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ на предлог на Претседателот Лука Кржалоски ме избра за член на ИК на Унија на Млади Сили на ВМРО-ДПМНЕ. Да се добие било каква задача од УМС која важи за најголема и најдобро организирана младинска организација претставува чест и сериозна одговорност за секој млад човек. УМС е вредно искуство и можност да се почуствува енергијата што ја навестуват новите генерации и да се види светлината на новото време кое доаѓа.

Му благодарам на Претседателот Лука Кржалоски за укажаната доверба. Благодарност до членовите на УМС Струмица и на сите што работиме за унапредување на стандардите за живот на младите во земјата. Ни претстои сложена заедничка задача сите да ја препознаат вистинската младинска политика која создава подобра иднина за нашата Македонија. Нема поголема движечка сила од млад човек кој ја љуби својата татковина! Да живее УМС! Да живее ВМРО-ДПМНЕ! Да живее Република Македонија-изјави Владимир Ристов!

Инаку, извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на синоќешната седница донесе и одлука за реизбор на Александар Донев за Претседател на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Струмица.