(ВИДЕО) ВЛАДИМИР РИСТОВ: УМС ПРОМОВИРА ВРЕДНОСТИ, АКТИВНОСТИ И ПОЛИТИКИ УСВОЕНИ ОД МЛАДИТЕ ВО ЕВРОПА И СВЕТОТ!

август 10, 2019

Синоќа свечено беше отворена Летната школа на УМС во Струмица. Пред повеќе од сто млади учесници се обратија Претседателот на УМС Јован Јаулески и Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски. Младите во рамките на школата ќе слушнат неколку предавања, додека содржини се предвидени и на разни локации низ градот и во регионот.

На 13ти aвгуст, Струмица го чествува споменот на петте студенти. УМС ќе го изведе маршот на Беласица до местото на нивното погибие кој УМС – Струмица го реализира традиционално како свој завет. Минатата година повеќе од стотина млади ја искачија оваа патека заедно со Лидерот на ВМРО- ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Владимир Ристов член на Извршниот Комитет на УМС во изјавата од отварањето на летната школа синоќа рече дека УМС е активен член на европскиот десен подмладок и промовира вредности, активности и политики усвоени од младите во Европа и Светот. Целта на школата е да ги мобилизира младите од земјата и светот кои ја љубат Македонија да бидат лидери на промените кои ќе значат обнова.

https://www.facebook.com/886604531394812/videos/2312197815524075/?t=3

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ