(ВИДЕО) Мицкоски: Камионите на братот на Зоран Заев, возат за РЕК Битола

април 30, 2018

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски објави криминална афера за власта во Република Македонија.

„Обвинителството треба да провери дали е точно дека компанијата која важи за блиска до власта „СВ Инвест“ е ангажирана за подизведувач во оперативните градежни работи во РЕК Битола, која пак претходно добива огромен бизнис во 4 очи. Од материјалот кој може да се види Фирмата „СВ Инвест“ врши превоз на јаглен со товарни возила на кои како што се гледа од приложениот материјал се со јасна ознака на оваа компанија, но истите возила се со струмички регистерски таблици. Тоа е така бидејќи сопственик на овие камиони кои се гледаат од видео материјалот не е „СВ Инвест“, туку компанијата „ДГИ Тотал Инжинеринг Струмица“ каде управител и сопственик е лицето Вице Заев, брат на премиерот Зоран Заев“, обвинува Мицкоски.

Во продолжение погледнете го видеото:

https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/videos/959606404214819/?t=1

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: