Уличното осветлување во Добрејци проширено со нови ЛЕД светилки

март 27, 2018

Од синоќа во населеното место Добрејци извршено е проширување на новото енергетски ефикасно ЛЕД осветлување. Од Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ информираа дека на дел од стариот пат Добрејци – Василево поставени се нови канделабри со ефикасни ЛЕД светилки на 11 сијалични места. Во февруари годинава во ова населено место беа поставени нови 35 ЛЕД арматури. Новото современо улично осветлување во однос на претходното, значи поголем квалитет и заштеда на енергија.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: