ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА ПАТОТ СТРУМИЦА-НОВО СЕЛО, ЕДНО ЛИЦЕ ПОЧИНАТО!

декември 6, 2018

На 05.12.2018 година во 21,50 часот било пријавено дека на магистралниот пат Струмица — село Ново Село, поточно на влезот во село Босилово, патничко моторно возило “Опел Корса“ со скопски регистерски ознаки управувано од М.Р.(37) од село Еднокуќево, струмичко излетало надвор од патот и се превртело. Во незгодата на местото на настанот починал М.Р. Извршен е увид на местото на настанот.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ