СВР СТРУМИЦА: Самохраната мајка досега не пријавила во полиција дека е малтертирана од нејзиниот татко

декември 4, 2018

Во врска со објавениот текст на Вашиот веб портал „СтрумицаДенес„ насловен: Самохрана мајка од Струмица моли за помош – „Татко ми ме тепа секој ден, се обиде и да ме убие“, Ве известуваме дека М.А, досега нема пријавено ваков или сличен настан во Полициска Станица Струмица ниту пак во Полициско Одделение Ново Село.

Во соопштението се наведува во иднина доколку има вакви или слични настани граѓаните да пријават во полициската станица или на тел. број 192.

По објавување на текстот полициски службеници од ПО Ново Село веднаш ќе ја контактираат М.А.

 

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ