СТРУМИЧАНИ СЕ ГУШАТ СРЕДЕ ОКТОМВРИ, МЕРНАТА СТАНИЦА СИНОЌА НЕФУНКЦИОНАЛНА, ШТО НАВИСТИНА СЕ СЛУЧУВА?

октомври 18, 2018

Напоменуваме дека фотографијата е направена во 2017 година.

Преголемата загаденост со чад и смрдеа деновиве може да се почувствува во Струмица, а особено синоќа кога на социјалната мрежа фејсбук струмичани објавуваа дека надвор загаденоста е голема! За да се увериме и ние самите во тоа се искачивме на Спомен костурницата во Струмица каде од таму јасно се гледа дека градот се „дави“ во чад.

Сакавме да провериме колку достигнува загаденоста во Струмица, но за жал мерната станица синоќа во Струмица беше нефункционална поради непознати причини. Денеска пак, таа повторно работи и според податоците во моментот Струмица е најзагаден град во Република Македонија заедно со Кавадарци.

Кои се причините за ваквото големо загадување несфатливо за овој период од годината? Сообраќајот, депониите? Или пак нешто друго? Се надеваме дека еден ден ќе го добиеме вистинскиот одговор.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ