СТРУМИЧАНИ ПОВТОРНО ОРГАНИЗИРАНИ ЗА УТРЕШНИОТ ПРОТЕСТ ВО СКОПЈЕ ЗА МАКЕДОНИЈА-ПОАЃАЊЕ ВО 10:00 ЧАСОТ!

март 3, 2018

Струмичани утре повторно се организирани во голем број за протестот во Скопје кој е за зачувување на идентитетот, името,јазикот, државата. Организаторите апелираат сите оние кои се заинтересирани утре во 9:30 часот наутро да бидат пред Тинекс а тргнувањето е во 10:15 часот. Инаку, пред 3 дена се одржа голем протест во Скопје на кој присуствуваа околу 1.200 струмичани.

Протестот е организиран од Непартиското глобално движење „Ние сме Македонија”.
Движењето со протестот изразува поддршка за почитување на основното човеково право за самоиндентификација.
Истовремено мирни протести е предвидено да се одржат и во Франкфурт – Германија, Малме – Шведска, Вашингтон – САД, Мелбурн, Сиднеј, Перт и Бризбејн – Австралија, Окланд – Нов Зеланд, Хаг – Холандија, Лондон – Велика Британија, Крањ – Словенија, Валета – Малта, Канали – Италија и Прага – Чешка кои ќе бидат вклучени во живо со видеопренос во Скопје.
Движењето “НиеСмеМакедонија” започна со активности на 14 јануари со симболичен собир пред македонската амбасада во Вашингтон каде за прв пат се прочита декларацијата и беше врачена на македонскиот амбасадор во САД, Васко Наумовски.
Во декларацијата се бара итен прекин на разговорите околу името на државата што се водат под покровитество на ОН, неменување на уставното име- Република Македонија и поднесување резолуцијата во Генералното Собрание на ОН за признавање на истото.
Организатирите на овие протести бараат претседателот на државата да стави вето на противуставниот закон за јазици, и повлекување на истиот од понатамошнен процес во Собранието на Република Македонија.
Се бара и организира попис под мониторинг на реномирана меѓународна организација на територијата на Република Македонија во период не подолг од 6 месеци од приемот на оваа декларација.
Сега како никогаш порано, потребно е да се обединиме и оддадеме почит на секоја жртва положена за татковината, бидејќи тоа им го должиме на поколенијата, велат организаторите.
“Не седете мирно и не дозволувајте да останете без идентитет. Македонците мораат да се обединат за да ги одбранат основните човекови права за самоопределување и самоидентификација#, стои во описот на видеото кое неодамна беше поставено од движењето “Ние сме Македонија# од Австралија.
Протестот за одбрана на уставното име кој се одржа во вторникот, доби масовна поддршка, и покрај лошите временски услови. Повеќе илјади граѓани од улиците во Скопје побараа да не се менува уставното име, а нивните барања ги доставија и до Претседателот, Собранието, Владата на Република Македонија, и до сите странски амбасади во Македонија.

 

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ