Струмичанецот Костадин Костадинов е нов портпарол на СДСМ

ноември 1, 2018

 

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија соопшти дека пратеникот Костадин Костадинов е нов портпарол на нивната партија.

Костадинов од 2013 до 2016 година бил советник во Советот на Општина Струмица. Во периодот од 2010 до 2018 година, бил претседател на подмладокот на СДСМ во Струмица.

Во февруари 2017 година Костадинов ја презема функцијата вршител на должност Градоначалник на Општина Струмица којашто ја извршува до ноември 2017 година.

Од 2017 година Костадинов е пратеник во Собранието од СДСМ и коалицијата.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: