СТРУМИЧАНЕЦ СО ТОВАРНО МОТОРНО ВОЗИЛО УДРИЛ ПЕШАК ВО СКОПЈЕ!

јуни 3, 2018

На 02.06.2018 година околу 09,00 часот, на улицата “Перо Наков“ товарно моторно возило “Фиат Добло“ со струмички регистерски таблици управувано од Д.И.(46) од Струмица удрило во пешак Ј.С.(54) од Скопје, која што со возило на Итна медицинска помош била пренесена во комплексот клиники “Мајка Тереза“, каде од страна на лекар и биле констатирани тешки телесни повреди и била задржана на понатамошно лекување. На местото на настанот извршен бил увид и се работи на целосно расчистување на случајот.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: