Perdormire
Култура

СПАСОВА И НЕЈЗИНАТА „ТЕОРИЈА НА ЗАГОВОР“ ПРИРЕДИЈА СПЕКТАКЛ

Марија Спасова постави уште еден рекорд – стана автор со досега најпосетувана промоција на книга во регионот и една од најпосетуваните воопшто во државата. Според зборовите на присутните, младата авторка приреди спектакл.

Промоцијата на „Теорија на заговор“ се случи во големата сала на Дом на АРМ, но салата воопшто не беше изгледаше голема, ако се зеде во предвид дека сите резервни столчиња беа извадени, а сепак, имаше гости кои промоцијата ја следеа од нозе. Неофицијално, на промоцијата имаше повеќе од 300 гости.

На изненадување на многуте присутни, Спасова не се појави на приемот на гости. Веднаш што се стишија прашањата од типот „Каде е ѕвездата на вечерта?“ и штом во салата се исполни и последниот слободен агол, Марија влезе со микрофонот во рака и започна со изведба на монолог од романот. Гостите ја гледат со неверување, без око да им трепне, а таа непоколебливо ја продолжува улогата на моќна премиерка, движејќи се долж салата и качувајќи се на сцената.

Меѓутоа, шоуто не заврши тука. Бидејќи целта беше да се испромовираат квалитетни и талентирани  млади луѓе од Струмица, гостите можеа да уживаат во прекрасната изведба на „По тебе“ од Тоше Проески во изведба на Славица Ангелова, Кристина Терзиева, Весна Спасова и Таки Дробаров. Сокриена зад завесите, Спасова уште еднаш ја изненади публиката кога и самата таа се појави зад микрофонот и ја почна „It’s my life” од Бон Џови.

После краткиот, но исклучително интересен говор, следуваше делот со рецензии, во кој настапија професорките Олга Хаџиева и Даниела Пејева Митева, како и издавачот на делото, директорката на струмичката гратска библиотека, Тања Гошева.

Половина од тиражот веќе е распродаден, а книгата деновиве ќе биде пуштена во продажба во книжарница „Култура“.

Актерка, писателка, пејачка..а во иднина и лекарка. Се поставува прашањето – Како е можно вакви личности, личности од типот еден во милион секогаш да се раѓаат во Струмица? Честитки Марија!