Секцијата „Музички фолклор“ од општинското основно училиште „Никола Вапцаров“

март 26, 2018

Учениците од ученичката секција „Музички фолклор“ во општинското основно училиште „Никола Вапцаров“ од Струмица, заедно со нивните наставници и претставник од општина Струмица, ги посетија фолклорните ансамбли „Тримери“ и „Кардешлик“ од Струмица. За негувањето на културата, фолклорот и традициите на македонската и турската заедница, учениците непосредно сезапознаа со музиката, инструментите, носиите и други реквизити кои ги користат играорците на овие две фолклорни дружини. Заедничкото оро и испеаните песни, за учениците од секцијата беа едно ново искуство, што всушност е и дел од активностите од проектот „Јакнење на меѓуетничката соработка во општините“, финансиран од Детската Фондација Песталоци, во кој оваа учебна година за првпат е вклучено и ова основно училиште.
Проектот е имплементиран од Македонскиот центар за граѓанско образование од Скопје, во соработка со Бирото за развој на образованието на Република Македонија, со повеќегодишна поддршка од градоначалникот и Советот на општина Струмица.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: