ПО ОБЈАВАТА НА СТРУМИЦА ДЕНЕС ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА ДОНИРАШЕ ЗА НАТАША – ПОТРЕБЕН Е ПРИКЛУЧОК НА СТРУЈА, ВОДА, ПОСТАВУВАЊЕ ПОД, МЕБЕЛ, ПОКУЌНИНА И ДРВА ЗА ОГРЕВ!

јануари 18, 2019

По направената објава на СТРУМИЦА ДЕНЕС за барање за помош на младата жена Наташа Јанева од Струмичкото село Добрејци, почнаа да пристигаат донации. Тимот на Струмица Денес во соработка со Волонтерите на ЗДГ “Љубезност од Струмица вчера однесоа повеќе пакети на храна, топла облека, ќебиња, јоргани, постелнина и друго, кои пристигнаа од многу од вас.

Пред неколку години за Наташа била изградена мала симпатична куќа која моментално е во карабина фаза. За да може Наташа да влезе во нов дом, потребен е приклучок на струја, вода, поставување на под (пр. ламинат) мебел, покуќнина, дрва за огрев.

Сите ваши јавувања, поддршка и помош се неопходни за да со заеднички сили помогнеме на оваа млада жена која имала многу тежок живот исполнет со многу трауми и загуби на драги личности.
Ви благодариме за вашите донации, поддршка и помош.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ