ОТКАКО МУ ПОМОГНАЛЕ, САКАЛ ДА ГИ ПРЕТЕПА – ВОЗАЧ ПОД ДЕЈСТВО НА АЛКОХОЛ СО СВОЈОТ АВТОМОБИЛ СЕ ПРЕВРТЕ ПРЕД БОСИЛОВО!

октомври 15, 2018

Околу 19:30 часот синоќа пред Босилово, возач под дејство на алкохол се преврте откако изгубил контрола врз својот автомобил. За среќа тој не е повреден, но откако повеќе граѓани му помогнале да излезе од својот автомобил, веднаш потоа тој сакал да ги претепа. Граѓаните велат дека се изненадени од ваквата нечовечност, бидејќи да го оставиле внатре во автомобилот би можело да биде полошо. Полицијата веднаш потоа пристигна на местото на несреќата и изврши увид на истата. Направена е само материјална штета.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ