Од поројот „Крушевска Република“ извадени 660 метри кубни разновиден отпад

јуни 11, 2018

Акцијата за генерално чистење на поројот „Крушевска Република“ продолжи и во текот на викендот. На терен беше целата расположлива механизација и човечки ресурси од Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“. Поројот е исчистен до пресекот на улица „Крушевска Република“ со улица „Вардарска“ и досега се извадени вкупно 660 метри кубни разновиден отпад. И додека чистењето се врши со полн капацитет, од ЈПКД „Комуналец“ апелираат до граѓаните кои што живеат во близина на поројот да не фрлаат отпад во него, туку, кога имаат насобран отпад во своите домаќинства да се јават во „Комуналец“ на телефонскиот број 034 325 909 и истиот веднаш ќе биде подигнат. На овој начин пројот секогаш ќе биде чист, а „Комуналец“ своите активности ќе може да ги насочи на други места, а не по неколку пати да се враќа на истите, кои за жал многу често и по генералното чистење се претвораат во диви депонии.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: