bandr
Култура

Руши рекорди: Струмичанката Марија Спасова со освоени 4 награди за рок од 3 дена

Додека се’ уште прима честитки по повод доделениот сертификат за најдобар средношколски есеј доделен од УСАИД и американскиот амбасадор Бејли, амбициозната струмичанка Марија Спасова овие два дена непоколебливо реши да ја оствари зацртаната цел – да сруши уште еден рекорд. Имено, ден после посетата на резиденцијата на амбасадорот Бејли, Спасова како ученик на СОУУД „Димитар Влахов“ зеде учество на овогодинешното издание на Образовното рендаву МАССУМ , каде освои две први награди.

Првата награда ја освои во категорија најдобра поетска творба со нејзината песна „На зајдосонце“ , под менторство на професорката Олга Хаџиева.

Втората награда на МАССУМ ја освои како режисер и сценарист на краткометражниот филм „ПРАВОПИС“ на кој работеше со група соученици, под менторство на професорките Олга Хаџиева и Соња Ташева.

Марија Спасова, Перо Илев и Елена Трајкова на одбрана на нивниот филм пред стручното жири


Саботата Спасова активно се вклучи во организацискиот тим на 54 државен натпревар на млади истражувачи на Република Македонија како водител на настанот, но и како учесник. Благодарение на иновативниот проект за имплементација на триходерма харзианум во расадното производство, се закити со зладен медал во областа агротехника, под менторство на професорките Љубица Спасова и Нада Николова.

Браво Спасова!