НА ВЛЕЗОТ ВО СТРУМИЦА УНИЈАТА НА МЛАДИ СИЛИ НА ВМРО-ДПМНЕ СТРУМИЦА ПРИКАЧИЈА ТРАНСПАРЕНТ: ДЕЛЧЕВ, ПИТУ ГУЛИ, ДАМЕ ГРУЕВ, САНДАНСКИ #PROUD!

Пејачката Тамара Тодевска испеа своја верзија на македонската химна на приемот во Амбасадата на САД во Скопје по повод 4 Јули, Денот на независноста. Годинашната евровизиска претставничка додаде четири стихови, а испушти да испее четири стихови од официјалната државна химна.

Тодевска синоќа го испушти делот со „Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански!“ по „Одново сега знамето се вее, на Крушевската република!“, а во нејзината изведба го немаше ниту делот „Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници!“, пред „Македонија слободна, слободно живее!“.

Место тоа, Тодевска испеа „Старо младо машко и женско, на нозе се кренало!“ и „Не плачи Македонијо мајко мила, Крени глава гордо високо“, стихови од стари верзии на химната.

Утрово, на влезот во Струмица, Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Струмица поставија транспарент на кој е напишано „Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански #PROUD“.

Автор:

Датум:

јули 4, 2019

Категории:

ВМРО-ДПМНЕ