bandr

НА ЧЕЛО СО ГОРАН ПАНДЕВ, „АКАДЕМЦИТЕ“ НА ПРИЕМ ВО ОПШТИНА СТРУМИЦА!

Градоначалникот Коста Јаневски, организираше прием за претставниците на фудбалскиот клуб „Академија Пандев“ кои дојдоа заедно со фудбалската ѕвезда Горан Пандев. Приемот беше организиран во чест на победата во Купот на Македонија и првиот освоен трофеј на клубот, формиран пред девет години. Се разговараше за актуелните состојби во клубот и идните планови, како и за можностите за поддршка од општина Струмица која и досега овој клуб ја имаше. Градоначалникот Јаневски им посака уште поголеми успеси во наредните натпреварувања.