МИТКО ЧАВКОВ СИНОЌА ПОВТОРНО УАПСЕН!

март 28, 2018

Екс министерот за внатрешни работи Митко Чафков, раководните лица во МВР кои имале сребрена и златна команда, како и други обвинети за насилниот упад во Собранието од 27 април, ноќва повторно се уапсени, откако вчера Врховниот суд ги пушти на слобода, укинувајќи им го притворот објави Сведок.мк.

Јавното обвинителство како што беше соопштено на прес конференција, со подигнување на обвинението против 30 лица, дало и предлог за определување (продолжување) на мерката притвор, образложувајќи дека висината на запретената казна може да биде основа за бегство.

Судот, според неофицијални информации го прифатил предлогот на обвинителството и веднаш издал наредби, а полициски специјалци во текот на ноќта ги уапсиле обвинетите кои од вчера се на ослобода, откако Врховен за тие кои беа во притвор го укина и ги пушти дома, а ги укина и куќните притвори на дел од нив, заменувајќи ги со обврска да се јавуваат еднаш неделно во судовите во местата во кои живеат.
СВЕДОК дознава дека одлуката на Врховен, со кој и натаму раководи Јово Вангеловски, ги вознемириле властите, па на итен состанок било одлучено да се бараат повторно притвори со поднесеното обвинението, а Основниот суд, каде што сега владејачката партија има контрола над кривичните совети да ги притвори и на тој начин да ја заобиколат одлуката на Врховен, која е дискутабилна од правен аспект, дали Врховен може да одлучува во оваа постапка, пракса која почна со неговата одлука за Горан Грујовски и Никола Бошковски, како и Сеат Кочан, што беше повод сите да добијат време и да избегаат.

Од тука, по пуштањето од притвор, МВР ги засилила контролите на границите и го следела движењето на ослободените, а со ноќната акција се очекува сите да бидат повторно вратени во затвор и таму да го чекаат судењето.

Познато е дека за 30 лица обвинението е за загрозување на уставниот поредок, за 4 лица кои се недостапни постапката е прекината до нивно пронаоѓање, а само за една пратеничка постапката е запрена.

Во групата од 30 обвинети има 5 пратеници, тројца од врвот на МВР, од Агенцијата за разузнавање, од обезбедувањето на Собранието, водачите на „Заедничка Македонија“..

ИЗвор Сведок

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: