bandr
Култура Магазин Настан

Младите автори Марија Спасова и Јане Киров во посета на основците од „Никола Вапцаров“ – Струмица

Библиотекарската секција при основното училиште „Никола Вапцаров“ – Струмица континуирано продолжува да ги поттикнува и охрабрува своите ученици да читаат и творат преку средби со млади автори од регионов кои ќе послужат како пример. Денес, во посета на училиштето беа младата писателка Марија Спасова и поетот Јане Киров, кои на учениците ги потсетија за користа и придобивките од читањето книги, а истовремено им презентираа краток дел од содржината на нивните дела.

Љубопитните ученици предводени од училишната библиотекарка – Наташа Цонева внимателно слушаа и поставуваа прашања, а потоа на авторите им презентираа дел од нивните песнички и творби.

На крајот од средбата, на учениците им беа поделени примероци од „Магијата на Атафу“ , „Теорија на заговор“ и „Одблесокот во нејзините очи“.