РЕЦЕПТ: Крцкави крокети од кашкавал и кулен

јануари 20, 2019

Направете вкусни крокети со кашкавал и кулен кои се поховани без брашно.

СОСТОЈКИ:

  • 400 гр. гауда
  • 160 гр. кулен
  • презла
  • сол и бибер
  • јајца

Забелешка: со дадениве количества излегуваат 20 топчиња.

ПОДГОТОВКА:

  1. Се ренда кашкавалот и се додава ситно сечен кулен.
  2. Се става сол и бибер и се меша смесата убаво, па се прават топчиња, кои се валкаат во јајце разматено и презла, а потоа се пржат на масло.
  3. Пред да ги валкате во јајце совет е да ги ставите 10 минути во ладилник.
Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ