ИЗВРШНИОТ КОМИТЕТ НА УНИЈАТА НА МЛАДИ СИЛИ ОДРЖА СЕДНИЦА ВО СТРУМИЦА!

август 11, 2019

Извршниот Комитет на УМС ВМРО- ДПМНЕ одржува седница во просториите на Општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ Струмица со што се исцрпува програмата на летната младинска школа Младите лидери на промените. Младинската школа со богата програма со предавања и други содржини се оджра во Струмица. Денеска УМС го реализираше и вториот марш на Беласица во чест на Петте струмички студенти.

Седницата ја започна и ја води Претседателот на УМС Јован Јаулески, Генералниот Секретар Горјан Донев. На седницата се присутни од целата земја членовите на Извршниот комитет. Во раководството на УМС Струмичкиот локален огранок партиципира со свои кадри како претседатели на централни Комисии – Петар Марков и Томе Марангозов и членовите на комисиите и членовите на Извршниот Комитет Владимир Ристов и Елена Орцева.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ