bandr
Култура

ИНТЕРВЈУ НА СТРУМИЦА ДЕНЕС СО ГЕРИ НИКОЛ: СТРУМИЦА, ЌЕ ГО КРЕНЕМЕ АДРЕНАЛИНОТ ДО МАКСИМУМ!

Според објавените информации од организаторите на Опен Фест, на големата фестивалска сцена ќе настапи и бугарската пејачка Гери Никол.

Дваесетиеденгодишната пејачка со потекло од Варна, ќе настапи на првата фестивалска вечер. Таа ја искористи приликата во разговор со нашиот тим да ги поздрави струмичани и да ги покани на музичко дружење.

Во продолжение, краткото интервју.

Струмица Денес: Какво е чувството да бидеш дел од Струмица Опен фест и да настапиш пред струмичката публика?

Гери Никол: Првиот настап во Македонија ми беше токму во Струмица. Го обожавам овој град и сите обожаватели тука, ми носат многу специјално, позитивно расположение.

Струмица Денес: Ти си една од најмладите пејачки во Бугарија и зад тебе веќе стојат голем број настапи во различни држави. Има ли разлика помеѓу македонската и бугарската публика?

Гери Никол: За жал, има. Во Македонија публиката е многу повистинска, пожива и добронамерна. Тука секогаш сум опсипена и удостоена со многу внимание и добар, коректен однос. Со еден збор – прекрасни сте!

Струмица Денес: Дали сите твои песни подеднакво се прифатени од луѓето?

Гери Никол: Мислам дека да. Правам песни коишто предизвикуваат многу адреналин, песни на коишто моите фанови се забавуваат вистински и незаборавно.

Струмица Денес: Дали досега си била дел од друг ваков фестивал со големи размери?

Гери Никол: Да, сум била дел од можеби најголемите фестивали во Бугарија и за мене е огромна радост и чест тоа што ќе бидам дел од едно вакво грандиозно музичко случување какво што е Струмица Опен Фестивал.

Струмица Денес: Кога да очекуваме нешто ново од Гери?

Гери Никол: Многу наскоро очекувајте изненадување од мене! (се смее)

Струмица Денес: За крај, што би и’ порачала на публиката во Струмица?

Гери Никол: Очекувајте ме! Ве обожавам, ќе го кренеме адреналинот до максимум!