ИНЦИДЕНТ НА НАТПРЕВАРОТ МАКЕДОНИЈА-ГРЦИЈА: „Не си одам поради знамето со Кутлеш, ќе мора сосила да ме изнесете“

јуни 16, 2019

Македонската ракометна репрезентација со струмичката сала „Парк“ го игра последниот квалификациски меч против Грција за заверка на првото место, а еден навивач со знаме со сонцето на Кутлеш веднаш наиде на проблем со обебедувањето, која се обиде да му тргне знамето.

рците во „Парк“ ги дочекаа свирежи при интонирањето на химната, а и неколку знамиња покрај државните со сонцето на Кутлеш, за кои најмногу со години реагираат јужните соседи. И после интонирањето на македонската химна, обезбедувањето се обиде да му го тргне „спорното знаме“ на навивачот, па веднаш влегоа во расправија, откако гордо го вееше по завршувањето на химната на Македонија.

„Не си одам поради знамето со Кутлеш, ќе мора сосила да ме изнесете“ им порача навивачот на луѓето од обезбедувањето.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ