bandr

И РАДЕ ЦИЦМИЛОВИЌ СИ ЗАМИНА ОД БЕЛАСИЦА!

Со заминувањето на Ѓоко Хаџиевски од Беласица, од редовите на струмичкиот прволигаш вчера си заминал и Раде Цицмиловиќ, првиот помошник на Ѓоко во изминатите неколку кола. Имено познато е дека тој ја внесе Беласица во Првата лига и со неговото име се врзани најголемите успеси на овој клуб во последните неколку години. Секако дека за овие последни резултати Цицмиловиќ воопшто не е виновен со оглед на тоа дека по првите неколку кола од пролетниот дел, раководството на клубот му ја довери тренерската палка на екс-селекторот Ѓоко Хаџиевски а Цицмиловиќ остана во стручниот штаб како негов прв асистент. Па така сега по заминувањето на Хаџиевски логично беше од клубот да си замине и Цицмиловиќ кој во последните две години во неколку наврати беше повикуван од страна на струмичани да им помогне во водењето на екипата кога и беше најтешко. Сега приоритет на овој тренер ќе му биде во најскоро време да ја добие таа потребна ПРО лиценца за да може без проблем да води прволигашка екипа.