ГРАЃАНИТЕ НА СТРУМИЦА РЕВОЛТИРАНО ПРАШУВААТ: КАДЕ СЕ ВЛЕЗНИЦИТЕ ЗА НАТПРЕВАРОТ МАКЕДОНИЈА-ГРЦИЈА?

јуни 12, 2019

Уште 4 дена до натпреварот Македонија-Грција кој ќе се игра во Струмица, влезници нема баш никаде! Секојдневно голем број на пораки пристигнуваат до нашата редакција со прашање од каде може да се купат влезници за натпреварот? Но, ниту ние како медиум немаме никаква информација каде се врши продажбата и дали воопшто ќе се врши. Затоа ЈАВНО ги прашуваме одговорните каде се влезниците? Во чии раце завршија? Дали ќе се врши продажба некаде?

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: