(ФОТО) ВО ЧЕСТ НА ЗАГИНАТИТЕ БРАНИТЕЛИ ВО КУМАНОВО, УНИЈАТА НА ЖЕНИ НА ОК ВМРО-ДПМНЕ СТРУМИЦА ОРГАНИЗИРАА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА!

мај 9, 2018

Во чест и за спомен на загинатите бранители во Куманово, Унијата на жени ОК Струмица денеска организираше крводарителска акција. Акцијата се одвиваше на оделението за трансфузиологија во Општа болница Струмица. На повикот од Унија на жени денеска во акцијата учество зедоа повеќе членови и сограѓани.

Со овој чин Унијата на жени ја остварува програмската определба за подигнување на општествената одговорност: Истовремено да служиме на оние на кои најмногу им сме потребни и оддаваме почит на вистинските примери на заедницата – изјави Претседателката Тања Достинова- Запрова.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: