(ФОТО) Рушеше рекорди во „Ѕвездичките на Пинк“, а еве го денес талентираниот Трајче Георгиев!

март 28, 2018

Неговите изведби во шоуто на Youtube имаат и повеќе од милион прегледи, а за многу кратко време Трајче Гергиев стана еден од милениците не само на Македонија, туку и на целиот Балкан.

Од првиот момент кога се појави на аудицијата за шоуто, тој ги освои симпатиите на публиката со фантастичната „Зошто отиде“ од нашата музичка легенда Тоше Проески, по што сосема беше сигурно дека го очекува светла иднина.

Иако победата му се лизна од раце и го освои второто место на „Ѕвездичките на Пинк“, Трајче и понатаму продолжи храбро да чекори во светот на муиката.

Јавноста го запозна како едно скромно и срамежливо момченце, а денес по неколку години, Трајче од Струмица е пораснат, но се уште е она дете кое живее и се стреми да оди на вистинскот пат до нови освојувања на музичката сцена.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: