ЕУРОМАКС: ПРОЕКТОТ ИЛОВИЦА-ШТУКА НЕ ТРЕБА ДА СЕ КОРИСТИ ВО ПОЛИТИЧКИ ЦЕЛИ

октомври 5, 2018

Еуромакс Ресоурсис ја поздравува и поддржува секоја иницијатива и делување за заштита на животната средина, а и лично како компанија ги почитуваме и применуваме највисоките ЕУ стандарди и мерки за заштита на животната средина.

Но, мораме да реагираме кога во име на активности за заштита на човековата средина, одредени еколошки здруженија и активисти ги злоупотребуваат политичките случувања во државата со цел да наштетат на нашиот проект, во чиј дизајн и развој се внимава на највисоките меѓународни и домашни стандарди за заштита на животната средина.

Како македонска компанија, која е поддржана од меѓународни акционери, ја почитуваме секоја домашна иницијатива и активност, кои без манипулација и извртување на фактите, е во функција на заштита и унапредување на човековата средина и здравје. Посветени сме на унапредување на животната средина преку развој на модерен рудник на можности, односно, рудник кој ќе го унапреди животниот стандард како на локалното население, така и на државата. Со поддршката на домашни и странски експерти во секоја фаза од планирање и развојот на проектот се водиме според највисоките домашни и меѓународни норми и стандарди за развој на модерен рудник што ќе користи најсовремени методи на рударство, кои можат да коегзистираат со земјоделство. Во структурата на нашите инвеститори има големи меѓународни институции, како што е Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) кои нѐ обврзуваат севкупното наше работење, како и на сите наши соработници при изведбата на рудникот и потоа, да ги усогласиме со највисоките ЕУ стандарди.

Користењето на резултатите за излезност на населението на референдумот за да го оцрните нашиот проект е нечесно и е во спротивност со сигналите кои ние ги добиваме од локалното население.

Како инвеститори кои веруваме дека Македонија има голем потенцијал за економски развој преку користење на најдобрите светски практики и модерни технологии за ископување на рудното богатство, не сакаме да навлегуваме во истражување за причините поради кои граѓаните решиле да се откажат од сопственото право да излезат на референдумот. Веруваме дека ниту една организација или институција нема потврда дека нивната одлука е поврзана со нашиот проект. Особено што во нашата комуникација со граѓаните од општините Босилово и Ново Село, добиваме поддршка од населението за побрза реализација на проектот што треба да им донесе нови извори за егзистенција.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ