Perdormire
Култура

Доделени десет награди денес во АРМ, првата награда во рацете на Марија Спасова

Денес во просториите на Домот на АРМ-Струмица од страна на претседателката на Сојуз на борците Струмица и граѓаните продолжувачи, Соња Чурлинова им беа врачени наградите на победниците од општинско-регионалниот литературен конкурс на тема „Придобивките од Европската Унија-мотивација и инспирација за мојата иднина“. Учество земаа голем број учесници поделени во категорија основци и категорија средношколци а беа доделени вкупно 10 награди.
А една од наградените очекувано е и Марија Спасова, ученик во СОУУД „Димитар Влахов“-Струмица со освоено прво место во категоријата најдобар прозен текст под менторство на Олга Хаџиева. Исто како и госпоѓа Чурлинова, и таа посочи и повика за што поактивно вклучување на младите како движечка сила во организираните активности и конкурси И искажа благодарност до тимот на Струмица Денес за медиумската поддршка на сите настани поврзани со младите во општината.