Академија Пандев одлучи: Остануваме во Првата лига, насочени сме кон дуелот со Ренова

март 3, 2018

По вчерашната најава дека е можно да ја напушти Првата лига, Академија Пандев ја смени одлуката и денеска реши да продолжи да се натпреварува.

По тој повод клубот излезе со соопштение кое ви го пренесуваме во целост.

„Почитувани,

По денешниот одржан состанок на УО на ФК Академија Пандев АД, а по повод случувањата и реакциите после донесената одлука на Натпреварувачката комисија на ФФМ, УО на ФК Академија Пандев АД од денешниот работен состанок го издава следново

Соопштение:

Почитувани фудбалски пријатели, развојот на младинскиот и македонскиот фудбал секогаш е на прво место за ФК Академија Пандев АД. Иднината на македонскиот фудбал и тоа како не засега, ние како составен дел од Македонскиот фудбал ќе продолжиме преку развојаната програма и призмата на правдата да го следиме секое збиднување во МАК фудбалот. Остануваме на ставот дека Комисијата за натпревари на ФФМ донесе погрешна одлука и истата никако и никогаш нема да ја прифатиме, па макар и толкувањта да ги примаме со „помал интелект“ и правно погрешно да ги „толкуваме“ одлуките.

Во интерес на нашиот клуб, на Првата МФЛ, во интерес на 15-ната репрезентативци кои ги имаме во младинските селекции, ФК Академија Пандев ве информира дека НЕМА намера да ја обжали одлуката иако во законски предвидениот рок го имаме истото право, но и се надеваме дека во иднина по никоја основа од спорниот член за настап на „Млад Играч“ нема да биде оштетен ниту еден клуб без разлика дали тој се викал ФК Академија Пандев, ФК Шкендија, ФК Љуботен како најстар фудбалски колектив во Македонија или било кој друг.

ФК Академија Пандев АД како колектив ќе продолжи да се бори за развојот на младинскиот и македонскиот фудбал. Ќе ја надградуваме нашата развојна програма и ќе настојуваме да продуцираме што повеќе млади фудбалери за презентација на клупските и националните интереси. Како пример ќе ни послужи и последниот натпревар со ФК Шкендија на кој на теренот во Тетово продефилираа 6 играчи под 21 година во текот на натпреварот. Паметната мисла и концентрација во овие моменти ни се повеќе од потребни и истите ќе ги насочиме на зелениот терен и натпреварите што ни претстојат во иднина.

Веќе во недела продолжуваме со истото темпо за натпреварот против секогаш незгодниот и сериозен противник во тимот на ФК Ренова.

Секогаш и секој се стреми за посветла иднина, се надеваме дека на сите кои работиме во македонскиот фудбал не очекува истата.

Струмица, ФК Академија Пандев АД
03.03.2018 г.“

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ