bandr
Култура

СТРУМИЧКАТА „ТЕОРИЈА НА ЗАГОВОР“ НА СПАСОВА МАРИЈА ДОСТАПНА ЗА КУПУВАЊЕ И НА ИНТЕРНЕТ!

На барање на многумина заинтересирани читатели од регионот, романот „Теорија на заговор“ веќе е достапен за интернет продажба по симболична цена, со платена достава. (ОВДЕ).

Феминистичката содржина го прави овој роман совршен подарок за сите припаднички на понежниот пол, независно од нивната возраст. Приказната го следи патот на Елена Михајлова, млада и угледна лекарка, кон македонскиот политички врв. стекнатиот углед и влијателност ќе ја фрлат во опасна политичка игра во која таа несвесно ќе стане главниот играч. На површината од морето со закани и притисоци излегува Иван Елим – платен руски шпион кој по игра на судбината добива задача да ја ликвидира младата докторка за неполн месец дена. Навидум невозможно, но убиецот се вљубува во својата жртва, а кога станува збор за љубовта, не постојат компромиси. Фаталниот агент заштитнички се поставува над вечната феминистка и негов единствен животен приоритет станува нејзиното безбедно извлекување од замрсените и корумпирани лавиринти во македонскиот политички свет. Од друга страна пак, Елена не се откажува од своите високи амбиции и цели – според неа, прашањето не е дали ќе ѝ забранат, туку дали некој ќе собере храброст да ја спречи.

Ова е животната сторија на првата македонска премиерка која се чита во еден здив, повремено создавајќи неизвесности и возбуда кај читателот, но и неодмилива љубопитност која преовладува сѐ до последната прочитана страница.

Нарачајте го романот по симболична цена, со платена достава ОВДЕ.

Комерцијален текст