bandr
Култура Магазин

КАРОЛИНА СО КОНЦЕРТ ВО СТРУМИЦА!

По успешните концерти на Каролина во Скопје, Охрид и Битола, таа ќе одржи мини турнеја во неколку градови во Македонија. На концертите ќе го промовира новиот албум „Извор“, а ќе пее и хитови од албумите „Македонско девојче“.

Каролина заедно со нејзиниот бенд ќе настапи во Тетово, Гостивар, Куманово, Струмица и Штип. На 21 април ќе пее во Домот на култура „Иљо Антевски- Смок“ во Тетово, на 24 април во Домот на култура „АСНОМ“ во Гостивар, на 6 мај во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, на 7 мај ќе пее во Домот на култура „Ацо Шопов“ во Штип, а на 10 мај во Домот на култура „Антон Панов“ во Струмица.

На концертите ќе бидат изведени најновите нумери од „Извор“, како и најубавите песни од проектот „Македонско девојче“.

Билетите ќе чинат 450 денари.