bandr
Спорт

Каква иднина ги очекува браќата Секулови од Струмица во Јувентус?

18-годишниот чувар на мрежата, Мите Секулов од 20 август 2016. година е член на Јувентус, со три-годишна соработка.

Во меѓувреме поранешниот македонски репрезентативец до 16. и 17. години беше на позајмица во екипите на Карпи У17 и Виченца У19. Пред да го облече дресот на „Старата дама”, беше дел од тимот на Про Пјаченца.

„Да, досега бев во младинците до 19. години во Виченца. Со нив забележав некој настап, а инаку тренирав со првиот тим. Клубот не беше во многу добра ситуација, но некако се заврши натпреварувачката сезона.

Сепак се работеше како што треба професионално. Сега откако завршив со позајмица, моите менаџери кои исто така се и на мојот брат Никола се во преговори како и што понатаму.

Не се знае уште што, и како ќе биде, дали повторно ќе заминам на позајмица”, рече македонскиот голман Мите Секулов за „Спортмедиа”.

Неговиот помлад брат (16), кој може да игра како централен играч од средниот ред, но и да придонесе во нападот, Никола Секулов како дел од У17 тимот на Јувентус има договор со клубот до 30. јуни 2021. година.

Пред да го облече дресот на Јуве, македонскиот У17 репрезентативец беше дел од младинските категории на Пјаченца, Про Пјаченца и Парма. Годинава за У16 тимот на Јувентус постигна еден прекрасен гол на дуелот против Торино и уште еден претходно против Џенова.

Во италијанскиот шампионат А & Б предводени од тренерот Бароне во финалето убедливо со 3:0 загубија од екипата на Интер. Лани успеа додека беше во У15 тимот на Јуве да го освои Суперкупот и биде прогласен за најкорисен играч (МВП) и стрелец во финалето против Парма.