Perdormire
Хроника

Во струмичко се врши невиден „масакар“ на шумите!

Очевидци и сведоци секојдневно пријавуваат бесправно сечење „крадење„ на дрвја во околината на струмичко.

Нашата редакција доби огромен број на поплаки и информации за неконтролирано сечење на дрва во струмичко а најзаперпастени информации добивме од граѓани кој имаат вили од н.м Раборци-Попчево-Рич-Белотино каде по цели денови без никаков проблем и контрола од страна на луге и којнски коли ,трактори ,па и на лице место со специјални возила за сечење на дрвја секојдневно најслободно си прават и по 10-тина тури со нивните возила за транспорт исклучиво за таа намена.

Освен што се гледа дека безгрижно си товарат и си носат дрвја по цел ден ,само можеме да погодуваме дека им е дозволено на истите од страна на  властите , не навлегуваме поради која причина истото им го дозволува и се прави дека не ги забележува ,проблемот е поголем одколку нивното дозволување да прават што сакат со шумите, и такво арогантно однесување и заштита како бели мечки досега се нема случено кај нас.

Бидејки се сечат шуми на кој каде ќе му текне ,апелираме до властите кој  досега не преземаат ништо веднаш да стават ред во делот со сечењето на дрвјата ,бидејки ситуацијата е повеќе од очајна по тоа прашање , бидејки господата кој се занимават со кражба на дрвја и овој бизнис не е за подценување доколку се знае продажната цена на м3 огревно дрво и знаејки колку секојдневно се крадат од нивна страна дефинитивно станува збор за добро организирана група кој на штета на сите граѓани се богатат енормно а притоа не водејки сметка за нови садници на дрвја за истата таа намена .

Најважно од се е тоа што станува збор за промена на самиот воздух, а главната заложба на ова власт беше дека ќе се заложи за сите ние да имаме почист воздух во градовите и населените места, а од вакви однесувања и примери ,не веруваме дека им е воопшто битно за воздухот ,повеќе гледат да купат еден глас повеќе но и правејќи криминал со нивното замижување кое е и свесно и намерно ,ги прави истите тие да бидат  првите соучесници и директни виновници за ваквата ситуација , или заслепени од остварување на вишок приходи не можат или не сакат да видат дека сами ја сечиме гранката на која седиме сите ние ,без разлика кој каде припаѓа,ние сите овде живееме и го дишеме се позагадениот воздух вклучително и нивните деца  и тие кој сега го дозволуват ова да се прави пред нивните очи.

Од наша страна укажуваме како медиум до надлежните институции веднаш да преземат мерки и да дојдат на лице место посебно над село Раборци во пределот каде што се вилите и да се уверат со свој очи ,доколку не се увериле сеуште и да стават крај на ова крајно нехумана појава како кон лугето кој живеат таму истотака и кон сите нас кој го дишеме овој воздух.

Истите тие луге кој ја пљачкосуват и уништуват шумата со невидени штети и размери ,по патот возаат со поголема брзина и истите се загрозувачи и на сообраќајот и можат да направат штети од несогледливи последици па и со загуба на човечки живот поради брзо возење и натоварени со огромна маса  по неасфалтиран селски пат.

„Сликата која ја гледаме секојдневно таму е загрижувачка ,и ако така продолжи за многу кратко време ќе ги видиме и осетиме последиците за сите„ – ни изјави еден од сопствениците на вила над Раборци и видно револтирани се лугето и гневни кон цела таа ситуација која им се случува пред очи .

„Очигледно е дека станува збор за договорена работа и да не се сопира овој процес но ,за да се одбраниме од таа ситуација ќе се организираме самите и нема да и дозволиме на истите тие дрвокрадци во иднина да минуваат одтаму и сите мерки кој ни се на располагање ќе ги употребиме доколку не постапат луѓето и институциите чија одговорност им е тоа да го прават-револтирани и гневно  изјавија дел од сопствениците на имот во таа област за нашиот медиум.