bandr
Хроника

Во Полициската станица Струмица од слобода биле лишени Ц.Т.(27) и А.Т.(25), двајцата од Струмица

На 09.03.2019 во 00.10 часот во Полициската станица Струмица од слобода биле лишени Ц.Т.(27) и А.Т.(25), двајцата од Струмица. При преглед на А.Т. полициски службеници пронашле и одзеле пиштол „Застава М – 57“ калибар 7,62 милиметри и еден куршум калибар 7,62 х25 милиметри, а при преглед на Ц.Т. биле пронајдени и одземени две рамки за пиштол марка „Застава М – 57“ калибар 7,62 милиметри и 13- куршуми калибар 7,62 х25 милиметри. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава