(ФОТО) СООПШТЕНИЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ НОВО СЕЛО: Функционери на СДСМ дивееле во Ново Село и кинеле постери пред доаѓањето на Зоран Заев!

јули 3, 2020

ВМРО-ДПМНЕ НОВО СЕЛО:

Почитувани, Функционери на СДСМ дивееле во Ново Село пред доаѓањето на Зоран Заев!

Вчера во пазарот во Ново Село функционери на СДСМ ги кинеле изложените постери од коалицијата За обнова на Македонија пред доаѓањето на Зоран Заев.

Како што може да забележите на фотографиите дадени од страна на присутните на настанот, се работи за поранешната директорка на ЈП Комуна – Ново Село од редовите на СДСМ како и актуелната претседателка на форумот на жени на СДСМ од ОО Ново Село.

Ова не е изолиран случај за активистите на СДСМ во општина Ново Село, како што кажуваат дел од присутните, оштетување на постери и паноа се случиле и при претходната посета на Зоран Заев на општина Ново Село, кога беше вандализирано поздравното пано поставено на еден од влезовите во пазарот.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ