bandr
Спорт

ФУДБАЛЕРКИТЕ НА ООУ „ВИДЕО ПОДГОРЕЦ“-КОЛЕШИНО, ДРЖАВНИ ПРВАЦИ ВО ФУТСАЛ!

Ученичките, предводени од нивниот ментор професорот Спаско Миков, вчера учествуваа на третиот и финален турнир во футсал во Кратово, каде што се сретнаа со екипата на ООУ “Гоце Делчев” Скопје, Бутел,која ја победија со резултат од 4:2.Со тоа ја освоија титулата државен првак во футсал, во категорија на училишни спортски клубови. Големи честитки до девојчињата и нивниот ментор за големиот успех што го постигнаа. Наградите и признанијата на екипата ќе и бидат накнадно доделени.